Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ја поздрави престојната средба помеѓу претседателот на Русија и на САД, истакнувајќи оти верува во дијалог.
– Ја поздравувам средбата Трамп – Путин, бидејќи верувам во дијалог – истакна Столтенберг.
Тој додаде дека е во целосна согласност со политикагта на НАТО да се разговара со Русија и да се одржуваат состаноци со руските претставници.
– Не сакаме нова Студена војна. Не сакаме да ја изолираме Русија, сакаме да се бориме за подобри односи. За мене дијалогот не е знак на слабост, туку на сила – посочи Столтенберг.
Претседателот на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин на 16 јули ќе се сретнат во Хелсинки. Теми на разговор ќе бидат билатералните односи, како и за војната во Сирија и ситуацијата во Украина.