Генeралниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е поканет да одржи говор во американскиот Конгрес во идниот месец.
Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го покани Столтенберг да одржи говор на заедничка седница на двата дома на Конгресот на 3. април по повод 70-годишнината од формирањето на Алијансата.
„Во овие исклучително важни времиња за САД, НАТО и Европската унија, американскиот конгрес и американскиот народ очекуваат со нетрпение Ваша порака за пријателство и партнерство, нагласува Пелоси во писмото до Столтенберг испратено вчера.
Дел од републиканците сметаат дека говорот на Столтенберг е можност за шефот на НАТО да се фокусира на прашања почнати од САД како – за барањето на Трамп европските влади да зголемат за два отсто од БДП расходи за одбрана.