Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска по повод расправата за формирање на “европска војска“ предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.
– Задоволни сме поради засилените напори на ЕУ на полето на одбраната….добра работа е доколку европските сојузници имаат поголеми капацитети, доколку подобро соработуваат. Она со што не сме задоволни е тоа дека ЕУ почнува да воспоставува двојни структури – изјавил Столтенберг на “Форумот НАТО-индустрија“ во Берлин.
Тој оценил дека НАТО и ЕУ “всушност им е потребен еден силен и стручен команден систем“, пренесуваат хрватските медиуми.
– Не можеме да ги делиме ресурсите на половина…за земја како што е Германија би било целосно бесмислено да допушти НАТО и ЕУ да бидат противници, бидејќи Германија, како и повеќето членки на НАТО е воедно и членка на ЕУ – порачал Столтенберг.