Столтенберг остро ги осуди нападите на Нов Зеланд

52
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска остро ги осуди нападите во двете џамии на Нов Зеланд, при кои, според последните податоци, загинаа 49 лица.

– НАТО стои зад нашите пријатели и партнери од Нов Зеланд во одбраната на отвореното општество и заштитата на заедничките вредности – порача Столтенберг на Твитер.

Првиот човек на НАТО изрази сочувство и поддршка до семејствата и пријателите на загинатите и повредните во терористичките напади, што се случија во новозеландскиот град Крајстчрч.

ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...