Столтенберг останува шеф на НАТО до 2022 година

168
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Земјите членки на Северноатлантската алијанса денеска одлучија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг до 30 септември 2022 година.

Сојузниците ја изразиле нивната поддршка за работата на генералниот секретар за „прилагодување и модернизација“ на Алијансата, стои во соопштението на НАТО.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Столтенберг им се заблагодари на земјите членки за ваквата одлука преку Твитер.

Јенс Столтенберг е тринаесеттиот генерален секретар на Алијансата од 1952 година. Пред тоа тој беше премиер на Норвешка и лидер на норвешката Лабуристичка партија во неговата земја.

Тој е син на поранешниот министер за надворешни работи на Норвешка и поранешен амбасадор на оваа земја во Југославија во раните 60-ти години на минатиот век, Торвалд Столтенберг.

ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...