Столтенберг: НАТО нема да го брани Израел ако Иран го нападне

Во коментар објавен денеска во германскиот весник „Шпигел", Столтенберг вели дека Израел е партнер на НАТО, но не е членка на Алијансата и дека „безбедносните гаранции" на НАТО не се однесуваат на Израел.

484
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата нема да го брани Израел во случај да биде нападнат од Иран.

Во коментар објавен денеска во германскиот весник „Шпигел”, Столтенберг вели дека Израел е партнер на НАТО, но не е членка на Алијансата и дека „безбедносните гаранции” на НАТО не се однесуваат на Израел.

Столтенберг, исто така, рече дека НАТО не учествува во мировните напори на Блискиот Исток или во конфликтите во регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...