Берлин не треба да ја заборави клучната улога на Вашингтон при обединувањето на Германија и на Европа по Студената војна, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, откако шефот на германската дипломатија Хајко Маас обединувањето го нарече „дар од Европа“.
– Обединувањето на Германија и Европа ќе беше невозможно без гаранцијата за безбедност од САД – изјави Столтенбер во Берлин, каде присуствува на одбележување 30 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид.
– Секој обид да се одалечи Европа од Северна Америка, не само што ќе го ослабне трансатлантскиот сојуз, туку има опасност да внесе поделби и во самата Европа – потенцираше Столтенберг.
ФОТО: EPA / RONALD WITTEK