Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика Белград и Приштина да се воздржат од провокативни акции и реторика, со цел да се намалат тензиите и да се обезбеди напредок.
Столтенберг нагласи дека НАТО го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, како единствен начин да се решат отворените прашања.
Тој истакна дека НАТО ќе го продолжи своето присуство во Косово, додавајќи дека меѓународните сили КФОР се важни за стабилноста и обезбедување на услови за напредок во дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.