Стивен Тајлер стана свештеник, го венчал и синот

61

Пејачот на Аеросмит, Стивен Тајлер, платил 80 долари за да стане свештеник на Универзалната црква на животот и сега може легално да венчава двојки ва САД.

Првиот брак се склучил викендов, а новопечениот свештеник ги венчал синот и неговата избраничка.

Тајлер титулата свештеник ја добил откако го завршил интернет курсот организиран од црквата, за којшто платил 80 долари. А пак, минималната цена за неговите услуги изнесува 200.000 долари, наведува изворот.

Рок ветеранот потоа се понудил да ги венча и Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин.

Неодамна и тапанарот Мик Флитвуд го мина курсот за свештеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...