Стивен Биган е нов претставник на САД во Северна Кореја

38

Потпретседателот на американската канцеларија за меѓународни работи за компанијата „Форд мотор“, Стивен Биган, ќе биде новиот претставник на САД во Северна Кореја, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Помпео рекол дека тие двајцата на почетокот на следната недела ќе отпатуваат во Пјонгјанг, пренесе Ројтерс.

„Стив ќе раководи со американската политика кон Северна Кореја и ќе ги води нашите напори да ја постигнеме целта на претседателот Трамп за конечна целосно потврдена денуклеаризација на Северна Кореја според договорот со Ким Џонг Ун“ рекол Помпео.

Биган работел како член во администрацијата на претседателот Џорџ Буш помладиот и бил национален советник за безбедност на државната секретарка Кондолиза Рајс. Исто така во март годинава, тој бил кандидат за советник за национална безбедност, откако од таа функција замина Х.Р. Мекмастер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...