Стејт департментот повика денеска земјите поефективно да ја имплементираат борбата против корупцијата и да ги почитуваат антикорупциските повелби на ОН.
Меѓународниот Ден на корупцијата – 9 декември, обврзува да ја реафирмираме нашата намера за борба против корупцијата на глобално ниво, се наведува во денешното соопштение на Стејт департментот.
– Корупцијата го спречува економскиот раст и развој и владеење на правото, и ја поткопува демократијата, го помага меѓународниот криминал, тероризмот и ги лишува граѓаните низ целиот свет од основните права, се вели во соопштението.
Се додава дека корупцијата овозможува и одржува автократски лидери, ја ослабува вербата во демократијата, создава кризи и можности штетните актери да ги загрозат сојузниците и партнерите на САД.
– САД преку американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) има продлабочен приод кон борбата со корупцијата. Преку силен дипломатски ангажман, а со мултилатерални иницијативи со граѓанскиот сектор, странски институции воведуваме визни рестрикции и санкции, ги изнесуваме пред лицето на правдата сите корупционери – велат од Стејт департментот.
САД годинава низ целиот свет санкционирале 40 државни функционери заедно со членови на нивните семејство поради нивна инволвираност во крупни корупциски злоупотреби.