Стефановиќ: Соработуваме со обезбедувањето на Путин и со американските „Фоки”

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека постои соработка за обучување на припадниците на МВР на Србија со службите и единиците и на исток и на запад.

321

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека постои соработка за обучување на припадниците на МВР на Србија со службите и единиците и на исток и на запад.

Стефановиќ изјави дека Министерството за внатрешни работи, кога станува збор за обука, соработува и со Федералната служба за безбедност на Русија, но и со американските морнарички „Фоки”, како и специјалните сили на САД познати како „Зелени беретки” .

– Имаме добра соработка со Федералната служба на безбедноста на Руската Федерација која го обезбедува Кремљ и сите претставници на Русија, чии припадници ни помогнаа преку обука на возачи на блиндирани возила и луѓе кои се занимаваат со заштитени личности, преку нови тактики. И навистина многу ни помогна да ја подобриме нашата работа , вели Стефановиќ

Тој рече дека имале посета на американските морнарички „Фоки“, кои со српските специјални единици работеле на нови тактики за кризни ситуации, кога се упаѓа во објекти.

– Ни беа и Зелените беретки и на луѓе кои ни помогнаа да проучиме како тие ги решаваат ситуациите за што сме им многу благодарни. Ние од нив земаме знаење, а можат да дојдат од сите делови на светот, рече Стефановиќ.

ФОТО:EPA/JANOS MARJAI HUNGARY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...