Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека според податоци на Европол, окоу 800 терористи од Западен Балкан досега се приклучиле на т.н. „Исламска држава“ на Блискиот исток. Стефановиќ тоа го изјави во Русија, на состанок на високи претставници за безбедносни прашања, јави Танјуг.
Тој нагласи дека денес тероризмот е посуров, а терористичките напади многу насилни и дека терористите изградиле финансиски мрежи кои ги прават самоодрживи.
Тој посебно се осврна на Западен Балкан, за кој рече дека претставува значаен простор за регрутирање членови и симпатизери на ИД што се борат во Ирак и во Сирија.
– Според податоци на Европол, околу 800 терористи од Западен Балкан досега им се придружиле на ИД на Блискиот исток., од кои во најголем дел борци се од БиХ и Косово, нагласи Стефановиќ.