Познатиот илустратор и стрип цртач Игор Стевковски-Стевац е добитник на признанието за најдобар карикатурален стрип „МИВЕЛ“ од страна на 21 Балканска смотра на млади стрип автори во Лесковац, соседна Србија, наречена по реномираниот Миодраг Величковиќ, познат српски новинар, сликар, карикатурист и стрип автор.в Оваа смотра е организирана изминатиов викенд , од страна на Училиштето за стрип „Никола Митровиќ Кокан“.
Интересно е дека првите мегусебни контакти со овој реномиран стрип фестивал се остварени за време на ланскиот Интернационален стрип салон во Велес ,кадешто му се додели Годишното признание за развој и афирмација на македонскот стрип „Љупчо Филипов“
Изјава на Ване Трајков,извршен директор на Стрип центар на Македонија-Велес и учесник на смотрата во Лесковац :
…-Оваа смотра е посебно ценета од страна на македонската стрип сцена ,бидејки претставуваше и се уште претставува најпогодно место за остварување на контакти и идна соработка ,како и презентирање на актуелните изданија од македонски автори и издавачи. Освен мене , учесници од нашата земја беа ; Ласко Џуровски, Златко Крстевски, Никола Темков и младите Томи Џуровски и Никола Панов.
Морам да го истакнам квантитетот, но и квалитетот на изложените стрипови ,посебно од страна на младите автори од земјите на Балканот.Уште еднаш се потврди дека со зголемена поддршка кон младите автори од нашата земја ,посебно во полето на едукацијата,тие ќе чекорат „рамо до рамо “ со своите врсници од странство…