Статуа на убиениот ирански генерал поставена на либанско-израелската граница

Статуата на командантот на елитната единица Кудс во селото Марун ал Рас ја поставија членови на шиитската екстремистичка организација Хезболах која има поддршка од Иран.

176

Огромна статуа на иранскиот командант Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад во јануари, е поставена во јужен Либан, во близина на границата со Израел.

Статуата на командантот на елитната единица Кудс во селото Марун ал Рас ја поставија членови на шиитската екстремистичка организација Хезболах која има поддршка од Иран.

Таа е на врвот на споменикот направен да биде дел од таканаречениот „музеј на отпорот“.

Фигурата на Сулејмани со рака покажува кон израелска територија, што се смета за алузија на планот на Хезболах за преземање на контролата врз северниот израелски регион Галилеја и клучната улога на единицата Кудс во подготовката на организацијата за потенцијален конфликт со еврејската држава, јавуваат израелските медиуми.

Сулејмани командуваше со единицата Кудс на Иранската исламска револуционерна гарда и ги надгледуваше иранските воени операции во Ирак и Сирија.

Тој и уште осум други луѓе беа убиени на 3 јануари во напад со дрон во близина на меѓународниот аеродром во Бадгад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...