Статуафест- Другото лице на улицата ќе се оддржува на 14-ти и 15-ти септември на ул. Македонија од 18 часот, па се до полноќ.
Она што го прави овој фестивал поразличен од останатите е неговиот формат, односно живите статуи кои ќе пристигнат од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина за да го овозможат разубавувањето на овој град, но и да се покаже специфичноста на оваа професија пред македонската публика. Исто така, оваа година, на овој фестивал ќе учествуваат и артисти од Македонија, и ќе се презентира нашата продукција ТЕАТРОСК којашто се занимава со ваков несекојдневен вид на уметност.
Повеќе од десет години работиме како улични живи статуи, работиме под маски, под разни костими, кои карактеризираат нешто конкретно, направени автентично за да ја раскажат нашата приказна која покрај тоа што го забавува народот по улиците, цели и кон тоа да биде дежурното око на социјалното живеење и да ја демонстрира потребата за подобар живот. За сите.
Оскар Вајлд рече: Дај му на човек маска да го видиш каков е.
СТАТУАФЕСТ – Другото лице на улицата си постави за цел преку овој фестивал градот Скопје, а и Република Македонија да ги стави на светската културна мапа на уличните уметнички фестивали и од година во година повеќе и повеќе да го развива и истиот да тргне во насока која ќе го направи еден од највлијателните фестивали од ваков карактер, во Европа, па дури и во светот. – ТЕАТРОСК
Освен живите статуи ќе има дџ сетови и музички бендови.
Голема благодарност до Главниот покровител на фестивалот град Скопје, и до спонзорите: винарската визба Тиквеш, Меана Б- Јавор Агапи Мрзенци, Цивил, Арена Рекордс …
Ве повикуваме сите, задолжително да дојдете на 14ти и 15ти септември во 18,30 часот, на улица Македонија за да доживеете едно магично искуство, но и изненадувањето што ви го подготвува Театроск.