Стартуваа три мерки за подобрување на конкурентноста на деловните субјекти

117

Активни се три мерки за подобрување на  конкурентноста на деловните субјекти од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, информираат од Министерството за економија.

Оттаму посочуваат дека на 8 февруари годинава се објавени три јавни повици на нивната веб-страница www.economy.gov.mk.

-Првиот јавен повик е за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар, вториот за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Македонија за 2019 година, а третиот за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Македонија за 2019 година, прецизираат од Министерството.

Сите трговски друштва и здруженија заинтересирани за јавните повици повеќе информации за условите за аплицирање, потребните документи за аплицирање, висината на надоместување на трошоците и рокот за доставување на барањата можат да најдат на веб-страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...