Стартапот „Дарк-1“ ќе ја промовира првата видео игра во мај

Кристијан Трајковски, Марко Зарев и Симон Стојановски кои се основачи на студиото најавија денеска дека видео играта планираат да ја пуштат во продажба на 11 мај.

473

Студиото „Дарк-1“, основано на почетокот на годината со поддршка од државата од 10 илјади евра денеска ја претстви првата видео игра наречена „Одиум до јадрото“’ (Odium to the core).

Кристијан Трајковски, Марко Зарев и Симон Стојановски, основачи на студиото најавија дека видео играта официјално ќе ја пуштат во продажба на 11 мај.

Денеска студиото го посетија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски.

На средбата, младите притприемачи посочија дека единствен проблем со кој се соочилуваат е пласманот на играта во странство.

Министерот Манчевски им вети помош во промоцијата и маркетингот, а директорот на Фондот за иновации Деспотовски им ги пресентира можностите кои ги нуди владината програма за поддршка на старт ап фирмите. Царовска, пак, смета дека приказната на „Дарк-1“ треба да биде мотивација за сите невработени млади луѓе.

Во 2017 година преку владината мерка се отворени 165 старт ап бизниси и реализирани 191 вработување.

Оглас за мерката за самовработување е распишан и на 23 март 2018 година. за само еден месец се поднесени над 1.400 апликации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...