Старски дом ангажира голи батлери за забава на штитеничките

Жените во домот добиле и релаксирачка масажа од голите батлери.

155

Старскиот дом Милтон лоџ во Колчестер, Британија, води интересна иницијатива, при што персоналот собира пари што се користат за исполнување на желбите на штитениците.

Во домот, група жени рекле дека сакаат да поминат извесно време со мажи. Тимот во домот за грижа на стари лица отишол чекор подалеку, па ангажирале голи батлери за еден ден да им служат оброци на жените.

Клер Мартин, координатор на активностите во домот, изјавила дека 89-годишната штитеничка Џоан Корп била таа којашто ја иницирала забавата.

– Кога и да ја прашате Џоан што сака, таа секогаш вели – маж. Побаравме онлајн и најдовме компанија за таа цел. Во домот дојдоа и ќерките и внуките на штитеничките. Најстарата жена што присуствуваше беше 99-годишната Дол Џенкинс. Сите жени беа возбудени и дотерани – раскажала Клер Мартин.

Жените во домот добиле и релаксирачка масажа од голите батлери.

Откако завршила забавата, најстарата Дол изјавила дека сака момчињата да дојдат и на забавата за нејзиниот 100-ти роденден.

– Не престанаа да се смеат цела вечер потоа, апсолутно им се допадна забавата – посочиле уште од домот за стари лица.

Фото: Фејсбук Milton Lodge Retirement Home

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...