Британската старлета Дени Харвуд објавила фотографија на која позира речиси гола со медал од маратон кој се одржува во Борнмут на југот од Англија.
Таа не објаснила дали навистина учествувала во маратонот, односно како го добила медалот. Британските медиуми пишуваат дека таа не била на листата на тркачи.
„Се напив по маратонот, погледнете каква фотографија најдов на својот мобилен телефон“, напишала 35-годишната русокоса која ги красела страниците на „Плејбој“, на својот профил на Инстаграм.
Маратонот во Борнмут постои од 2013 година, а оваа година победил Иан Трикер кој успеал да ја истрча патеката за два часа, 25 минути и 45 секунди.
Фото: Инстаграм