Старица од Манчестер посака да биде уапсена барем еднаш пред да умре

74

Полицијата во британскиот град Манчестер уапси старица без никаков повод. А, причината е тоа што таа, просто, сакала да биде уапсена барем еднаш пред својата смрт.

Внуката на Џози Брдс, Пем Смит срдечно ѝ заблагодари на полицијата за исполнувањето на една од последните желби на баба ѝ.

– Ѝ благодарам на полицијата што ја приведе Џози. Таа има 93 години и здравјето брзо ѝ се влошува, но таа посака да биде уапсена пред да стане предоцна за тоа. Таа има златно срце и ѝ беше многу забавно при апсењето, објави Пем на Твитер.

Занимливо е тоа што ова не е првиот ваков случај. Во март, 104-годишната Ен Броукенбрау од Бристол, која била сместена во старечки дом, исто посакала да ѝ бидат ставени лисици барем еднаш пред да го напушти овој свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...