Славната Британка Наоми Кембел која за неколку месеци ќе наполни 50 години, по мислењето на многумина е една од најзгодните манекенки на светот.
Наоми веќе ѝ е добро позната на јавноста по своето проблематично однесување, но и по провокативните фотографии кои таа ги објавува на социјалните мрежи и на кои често позира во долна облека.
Овој пат таа ги изненадила бројните обожаватели откако објавила фотографија на која е „закопчана до грло“, а сите се сложиле дека супермоделот и во вакво издание зрачи со сексапил. Ваквата комбинација за помалку од 12 часа собрала повеќе од 150 илјади лајкови.