Германската полиција пронашла плински боци и стара воена муниција во станот во источна Германија во кој денеска се случи експлозија.
Во експлозијата загина најмалку едно лице, а десетици се повредени.
Станот го изнајмувал 78-годишен маж и тој најверојатно е жртва на експлозијата што се случи во станбена населба во Бланкенбург, источна Германија.
Полицијата соопшти дека експлозијата најверојатно ја предизвикало протекување на гас.
После експлозијата биле евакуирани сите станари на станбениот блок, како и градинката во близина, а меѓу децата нема повредени.
На полицијата и помагаат припадници на единица за деактивирање експлозивни направи.
Локалните медиуми јавија дека во експлозијата загинало едно лице, а друго се води како исчезнато.