Стапката на невработеност 20,8 отсто

219

Стапката на невработеност во третиот квартал од годинава се намали на 20,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Стапката на невработеност на крајот на 2017 година изнесуваше 22,4 отсто, а во вториот квартал годинава 21,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 958.770 лица, од кои 759. 445 лица се вработени, а 199.325 лица се невработени.

Најголема е стапката на невработеност кај оние од 25 до 49 години 45,8 отсто, кај оние од 15 до 24 години изнесува 20,8 отсто и кај оние од 50 до 64 години 16,5 отсто.
Од вкупниот број неработени мажи се 122.957, додека жени 76.368.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголеми работодавачи во земјава се преработувачката индустрија каде работат 153.430 лица, потоа земјоделството 120.695 и трговијата 109485 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...