Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд пурс“ соопшти дека договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името нема да предизвика негативни ефекти врз македонската екомонија.
Агенцијата оценува дека напредокот на земјава ќе биде постепен, а придобивките долгорочни.
„Оценката е отсликување на балансот помеѓу ризикот што го носи брзото зголемување на јавниот долг и внатрешната политичка несигурност што се предвидува во следните 12 месеци од една страна и поволните економски изгледи од друга страна“, се вели во извештајот на Стандард енд пурс.
Според Агенцијата сето ова ќе зависи од промената на амандманите во Уставот на Македонија, како и ратификацијата на договорот од страна на двата парламенти.
„Стандард и Пурс“ пред два месеца го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ – со стабилен изглед.
ФОТО: EPA/JUSTIN LANE