Стампедо на фестивал во Њу Орлеанс

149

Неколку лица се повредени во големата турканица на фестивалот „Лил ВизиАна фест“ (Lil WeezyAna Fest) во Њу Орлеанс, во организација на раперот Лил Вејн.

Настанот се случи во саботата навечер, а толпа од околу 15.000 луѓе двапати се туркала и почна да бега за време на настапот на Микс Мил.

Полицијата сè уште не знае што точно го предизвикало стампедото, но се шпекулира дека гласини за наводно пукање предизвикале паника кај луѓето.
Не е познато точно колку лица се повредени, а локалните медиуми објавија дека повредените заработиле гребнатини и модринки и дека им била укажана лекарска помош на местото на настанот.

Полициските службеници на должност на фестивалот изјавиле дека не чуле никакви истрели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...