Сталоне: Дојде време да се збогуваме со Роки

420

Холивудскиот глумец Силвестер Сталоне (72) на социјалните мрежи објави дека легендарниот Роки Балбоа стигнал на крајот од неговото долго 40-годишно патување.

Од беда до сјај е приказната за Силвестер, но и за Роки Балбоа – филмскиот јунак кој го запознавме пред 40 години и од кој оваа година ќе се збогуваме засекогаш.

По четири децении и седум филмови, Сталоне вели дека времето за збогување сепак дошло.

„Ми беше чест да создадам и да глумам ваков важен лик. Иако ова ми го крши срцето, за жал, сите работи мора да завршат. Најважно е дека Роки никогаш нема да умре, бидејќи се уште живее во нас“, напиша Сталоне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...