Актерот Силвестер Сталоне повторно ќе се појави во улога на виетнамскиот ветеран во најновото филмско остварување од франшизата за Рамбо.
Седумдесет и едногодишниот Сталоне се обврзал да го игра Џон Рамбо за последен пат во филмот, но тој нема да го режира филмот. Таа должност веројатно ќе му припадне на неговиот соработник на „Expendables“, Ави Лернер.
Според информациите за сценариото, во петтиот дел Рамбо работи на ранч и дознава дека ќерката на негов пријател е киднапирана, по што тој ја поминува американско-мексиканската граница за да се соочи со еден од тамошните ултранасилни наркокартели.