ССК: Новите технологии можат да го намалат загадувањето на воздухот

Според ССК, намалување на загадувањето може да се постигне и со намалување на нелеганите бизниси за отпад, каде без дозвола се гори, не се следат никакви стандарди и не се знае каде се испуштаат непознати материи во воздухот и во почвата.

79

Македонија да ги следи светските трендови на замена на старите возила со електричини чија емисија на јаглерод диоксид е нула отсто, да се спречи нелеганите бизниси за отпад, како и да се градат пасивни пасивни куќи кои се енергетски ефикасни. Ова го предлага Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) за да се намали загаденоста на воздухот.

Од комората велат дека за да се оствари ова потребно е да се ангажираат и јавниот и приватниот сектор.

Потпретседателот на Сојузот, Александар Милошевски, смета дека иако интересот за електрични автомобили во земјава е мал само 48 се регистрирани во Скопје лани до октомври, сепак со поддршка од државата и приватниот сектор состојбата може да се подобри.

– Со новите измени во Законот за возила предвидено е воведување на субвенции за електрични и хибридни возила, дополнително се предлага по примерот на западно европските земји каде е зголемена нивната употреба, да се имплементира поддршка во субвенционирани батерии и делови за електричните возила како и да се разгледа можноста за бесплатна регистрација, бесплатни патарини и паркинзи кои би биле дпоплнителен стимул и поволност за секој оној кој ке се одлучи за ваква опција – рече тој.

Милошевски го наведе примерот дека во Норвешка и во Германија со купувањето вакви возила се добиваат низа поволности како ослободување од данок на продажба на автомобили, не се плаќа такса за движење, со нив може бесплатно да се патува на фериброд, ослободени се и од плаќање паркинг и број други потикнувања за зголемување на нивното користење.

Според ССК, намалување на загадувањето може да се постигне и со намалување на нелеганите бизниси за отпад, каде без дозвола се гори, не се следат никакви стандарди и не се знае каде се испуштаат непознати материи во воздухот и во почвата.

– Со употребата на новите технолигии особено со снимањето на теренот со помош на дронови институционално треба точно да се лоцираат можните диви отпади кои се големи загадувачи и кои на отворено неконтролирано палат отпад за понатаму да се превземат радикални чекори за нивно спречување. На тој начин лесно ќе се снимаат критичните точки и ќе се лоцира од каде доаѓа енормното загадување на воздухот – рече Милошевки.

Според анализите направени од Комората, на долг рок за справување со загадувањето треба да се поттикнува градбата по стандардот за пасивни куќи кои претставуваат опција за нова и технолошки напредна градба, како во резиденцијални, така и во комерцијални и институционални проекти.

– Концептот на пасивни куќи претставува највисок денешен енергетски стандард со намалување на потрошувачката на енергија за греење на објекти дури до 90%. Пасивната куќа е добро изолирана, скоро херметички затворена градба која главно се загрева со пасивно соларно греење и со минимално внатрешно затоплување од домувањето, електричната опрема и сл., при што енергетските загуби се минимизирани. Секое дополнително загревање, доколку има таква потреба се обезбедува во многу мали количини. Со правилно функционално поставување и ориентација на прозорците и новата технологија на засенчување, се минимизира и потребата од разладни уреди – рече Милошевски.

Тој додаде дека во земјава има примери за користење и градење по стандардот на изведба пасивна куќа но потребно е истите да бидат поттикнати со извесни стимулации за нивно градење или купување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...