ССК воведе електонско издавање на Сертификат за потекло

Прва компанија која го користи електронскиот сертификат за потекло е ТИФИ ГРУП, увоз-извоз од Велес. На официјалната промоција, директорот Филип Рашевски, истакна дека на овој начин процесите се забрзуваат и над 90 отсто.

154

Сојузот на стопански комори воведе електонско издавање на Сертификат за потекло, што за компаниите ќе значи заштеда на време, средства и подобрување на сигурноста за веродостојност на Сертификатот за потекло.

Досега Сертификатот за потекло кој претставува меѓународен трговски документ што се користи за да се одреди потеклото на стоките за службени, комерцијални и финансиски потреби при извоз, се издаваше исклучиво во хартиена форма со пропратна документација.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, во своето обраќање истакна дека дигитализацијата на деловните процеси е во функција на подобрување на услугите кои ги нуди Сојузот за компаниите во функција на зголемување на продуктивноста и конкурентноста на деловната заедница.

– Процедурата ќе се одвива електронски во целина, со што се скратува значително од времето за администрирање на сертификатите, се заштедува не само време, туку и трошоци за пaтување од и до местото на издавање, а дополнително се зголемува транспарентноста на севкупниот процес – рече претседателската на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.

Прва компанија која го користи електронскиот сертификат за потекло е ТИФИ ГРУП, увоз-извоз од Велес. На официјалната промоција, директорот Филип Рашевски, истакна дека на овој начин процесите се забрзуваат и над 90 отсто.

– Модернизирање на процедурите за извоз, навистина заштедуваат време и средства – рече Рашевски.

Сертификатот за потекло на реномираната светска компанија ESS CERT која управува со најголемата електронска мрежа на сертификати за потекло во светот, опфаќа 240 стопански комори, го користат 14 земји од целиот светот во Европа, Америка, Африка, Азија и Океанија. Кон Европските, Ирска, Холандија, Норвешка, Словенија, Шведска и Обединето кралство од денес се приклучува и земјава.

Златко Ветеровски, помошник директор на Сектор за царински систем, Царинската управа истакна дека спроведување на дигиталните процеси не се едноставни, но придобивките несомнено се големи, бидејќи ја подобруваат конкурентноста како на компаниите, така и на самите институции во насока на создавање поефикасна околина во согласност со глобалниот развој.

Во светот околу две илјади стопански комори доставуваат повеќе од 12 милиони сертификати за потекло годишно. Во 1898 година бил издаден првиот сертификат за потекло, а по потпишувањето на 1923 Женевската конвенција, коморите се признати од страна на владите и царините како надлежни органи за издавање на сертификати за потекло. Коморите играат значајна, важна улога како доверливи трети страни, кои носат сигурност, интегритет, неутралност и непристрасност во издавањето сертификати за потекло.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...