ССК бара озаконување на менторството во претприемништвото

Моментално менторска релација е уредена само со т.н џентлменски договор потпишан од двете страни во кој се истакнати само основите на менторската врска..

98

Законско регулирање на менторството на работното место, подготовка на стандард кој ќе биде водич при имплементација на менторската врска, како и утврдување на стандардизирана обука за менторите и менторираните, бара Сојузот на стопански комори.

Регулирањето на ова прашање, како што рече денеска извршниот директор на Сојузот, Александар Зарков по потпришувањето на Меморандум за соработка со Македонската мрежа на ментори е од клучно значење за примена на ментроството во стопанството.

– Во досегашните обиди за имплементација на менторството во стопанството, компаниите се соочуваат со немање правна заштита и утврдување на законска рамка на поимот ментор и неговата улога во компанијата. Компаниите сметаат дека терминот ментор треба да се регулира законски, бидејќи при инспекциски надзор се доведуваат во ситуација за утврдување неправилности, токму поради нерегулираниот статус на менторот – рече Зарков.

Зарков вели дека менторството како неформално образование во развиениот свет е дел од корпоративната култура и за секој успешен биизнисмен е чест да го пренесе своето искуство на малдите генерации кои се обидуваат да станат успешни бизнисмени. Со тоа како што рече се создаваат и подобри услови за претприемништвото.

Славица Николовска од невладината Македонската мрежа на ментори рече дека за седум години успеале да создадат 250 менторски врски и дека годишно објавуваат по два огласи, но според неа проблем е што овој сегмент не е регулиран со закон па се случуваат непожелни ситуации што ги демотивира компаниите да организираат менторство кај нив.

– Овој тип на неформална едукација во компанија не е препознаена и како таква би можела да креира проблем доколку менторираниот е затекнат во компанијата од страна на трудовата инспекција, при што и компанијата и менторираниот би подлежеле на парична казна“ – појасни Николовска.

Моментално според неа, менторска релација е уредена само со т.н џентлменски договор потпишан од двете страни во кој се истакнати само основите на менторската врска, но и вака уреденото менторство не го мотвира менторот-компанијата да го преземат ризикот.

Николовска информира дека менторството за двете страни е бесплатно, но како што рече, придонесува не само за едукација туку и за вработување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...