ССК бара затвoрска казна за градење дивоградби

Ниту една регистрирана градежна компанија не гради бесправно а дивоградбите се всушност дела на индивидуалци или евентуално фирми регистрирани за сосема друга дејност, вели претседателот на Градежната комора при ССК Ивица Јаќимовски,.

122
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Дивоградбите се кривично дело, а нивното легализирање значи амнестија, реагира денеска Градежната комора од Сојузот на стопански комори (ССК).

Според Комората, бесправното нелегално градење не само што фрла црна дамка врз градежниот сектор во земјава, туку и уште повеќе ја поттикнува сивата економија која ионака зема силен зимав.

– Се што е дивоградба е кривично дело и треба да биде санкционирано со затвор, дециден е претседателот на Комората – Ивица Јаќимовски, кој денеска на прес-конференција укажа на потребата од јавна дебата за надминување на овој проблем.

Не може, смета Јаќимовски, градоначалниците да не знаат што се гради кај нив. Воедно тврди дека ниту една регистрирана градежна компанија не гради бесправно и дека дивоградбите се всушност дела на индивидуалци или евентуално фирми регистрирани за сосема друга дејност.

– Нема градежна фирма што гради на диво зашто тоа е кривично дело. Се што е бесправно изградено, што е дивоградба, е кривично дело. Со носењето на Законот за легализација се легализира нешто што е бесправно изградено. Државата нуди можност да се легализираат објекти во кои учествувале индивидуи. Всушност, со тоа само се потврдува дека станува збор за дивоградба, а не за градежништво. Не е можно регистрирана градежна компанија да изгради див објект. Во дивоградби не учествува ниту една компанија или инвеститор што е член на нашата Комора – рече Јаќимовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со легализацијата на дивоградбите што ја најавува власта.

Од околу 1.200 – 1.300 градежни компании во земјава, само 100 до 150, потенцира, реално придонесуваат за државата, примерно плаќајки даноци и комуналии.

Јаќимовски во овој контекст укажа дека властите мора да ја обезбедат потребната инфраструктура за која инвеститорите плаќаат. Потребно е и побрзо решавање на проблемот со донесените ДУП-ови кои ги укина Уставниот суд зашто компаниите по оваа основа трпат големи штети. – Во делот на високоградбата се уште состојбата е неизвесна и не се знае кога ќе се затвори проблемот со укинатите, а веќе донесени детални урбанистички планови што резултира со правна неизвесност на инвеститорите кои трпат големи финансиски штети, рече Јаќимовски.

Во врска со трендот на купување станови, претседателот на Градежната комора наведе дека дека се што е квалитетно се продава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...