Срцето ќе ви работи како часовник: Напивка стара 800 години лекува срцеви проблеми

Овој природен лек се покажал како успешен за лекување срцеви проблеми и срцеви заболувања.

1427

Магдоносот нуди многубројни благодати за организмот и лекарите од народната медицина го препорачуваат и како лек против разни заболувања.

Од овој зачин што секојдневно се користи во кујната може да направите магична напивка за срце по рецептот на опатицата Хилдегард фон Бингден, која живеела пред 800 години.

Подоцна нејзиниот рецепт за срцеви проблеми го презеле и познати доктори.

Овој природен лек се покажал како успешен за лекување срцеви проблеми и срцеви заболувања. Се користи кога ќе почувствувате какви било срцеви проблеми како што се прободување, треперење, прескокнување, поради стрес и слично. Ефикасен е кај ангина пекторис.

Состојки:
10 свежи стебленца магдонос без корен
1 литар домашно црно или бело вино
2 лажици вински оцет
300 грама природен мед

Приготвување:
1. Десетте свежи стебленца магдонос заедно со листовите ставете ги во литар чисто природно вино и додајте 1-2 големи лажици чист вински оцет.
2. Варете го 10 минути на тивок оган (внимавајте, може да пени).
Додајте 300 грама вистински пчелин мед и оставете да се вари уште 4 минути.
3. Исцедете го врелото вино и ставете го во шише што претходно сте го измиле со силен алкохол.
4. Добро затворете го. Талогот што се создава не е штетен и слободно може да се пие.
5. Пијте секој ден по една супена лажица, додека не ви престанат тегобите.
6. За потешки болести, треба да се користи подолг временски период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...