„Српски Телеграф“: САД сакаат косовскиот проблем да се реши до крајот на годинава

108

Главниот директор за европски прашања во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Ерат, и директорот за европски прашања во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Вилијам Бред Беркли, за време на дводневната посета на Белград и состанокот со шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, недвосмислено порачале дека сакаат годинава да се реши прашањето со Косово.

Ова го јави Танјуг, повикувајќи се на весникот „Српски Телеграф“, кој пак се повикува на добро информирани извори.

– Претседателот Трамп покажа лична заинтересираност да се стави точка на оваа приказна и во писмата што ги испрати до Белград и Приштина. Америка зацртала дека судбината на Косово мора да се реши до крајот на оваа година, и оти двете страни треба да договорат евентуална поделба на Косово, пишува весникот.

Како што пренесува, поради одбивањето Приштина ќе мора да се соочи со нови казни.

– Рамуш Харадинај не е помоќен од американскиот претседател. Вашингтон покажа дека има трпение, но нашите предупредувања наидоа на ѕид. Време е да видат како изгледа кога Америка го возвраќа ударот и како Вашингтон има можности и начини да ги убеди да седнат на маса, наведува изворот на весникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...