Српскиот бизнис загуби 240 милиони евра од косовските царини

Грција го зголеми извозот кон Косово за 3,5 пати во мај, Унгарија, Словенија, Бугарија и Хрватска за повеќе од 2,5 пати, додека Македонија за 50 проценти, објави весникот.

88

Министерот за трговија, Расим Љајиќ, изјави за „Новости“ дека за осум месеци, колку што се во сила царините на Приштина за производи од централна Србија, на Косово се пласирани 260 милиони евра помалку стоки отколку во истиот период минатата година.

– Тоа се директни финансиски загуби, но долгорочните штети ќе бидат уште поголеми, бидејќи нашите бизнисмени може трајно да го загубат тој пазар – нагласи Љајиќ.

Грција го зголеми извозот кон Косово за 3,5 пати во мај, Унгарија, Словенија, Бугарија и Хрватска за повеќе од 2,5 пати, додека Македонија за 50 проценти, објави весникот.

Царините од 100 проценти на српските производи беа воведени на 21 ноември минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...