Пејачката Сања Малетиќ била нападната од таксист во Бјелина, БиХ, од страна на таксист кој ја возел на дестинација по завршената емисија во која гостувала. Како што „Телеграф.рс“ пренесува, сè се случило откако Сања била на снимање на БН телевизијата, после што повикала такси и на човекот што ја возел му рекла да оди на одредената адреса. Меѓутоа, во текот на возењето, Сања добила повик од нејзините деловни соработници кои ѝ рекле да се сретнат на друго место.
Сања тогаш му рекла на возачот да го промени правецот, после што таксистот почнал да збеснува, да вреска и да ѝ се заканува. Како што велат извори, веднаш потоа извадил нож и продолжил да ѝ се заканува. Таксистот потоа нагло закочил, а Сања се обидела да излезе од автомобилот, но и тој излегол и со ножот в рака тргнал по неа. Како што пренесува овој портал, полицијата ја повикале од блиската продавница.
По неколку минути, полицијата пристигнала на местото на настанот, а Сања и таксистот биле однесени во полициската станица. Тогаш, во полициската станица на пејачката ѝ се слошило и паднала во несвест, по што била повикана брзата помош која и пружила медицинска помош.
Како што неофицијално се дознава, таксистот кој го предизвикал инцидентот ќе биде кривично гонет, а пејачката, го потврдила инцидентот и нападот.
ФОТО: Printskrin: YouTube/dmsattv