Српската царина заплени хероин и марихуана од возила што доаѓале од Македонија

Дрогата е пронајдена во две возила.

298
20121128 Wednesday 1302 plusinfo skopje mvr droga

Цариници во соработка со гранична полиција, на влезната страна на граничниот премин Прешево кон Македонија, вчера откриле и спречиле два обида за криумчарење наркотици, и заплениле преку 20 килограми дрога, јави Танјуг.

Царинската управа соопшти дека запленета е најмногу марихуана, над 19 килограми, и малку повеќе од еден килограм хероин.

Дрогата е пронајдена во две возила, во „Мерцедес А класа“ со албански регистарски таблички, кој доаѓал од Македонија, и во „Пежо“ со словенечки регистарски таблички, управувано од државјанин на БиХ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...