Српската полиција со барикади спречува антихрватски собир на Шешељ

115

Српската полиција денеска постави барикади на влезот на селото Хртковци, во Срем, поради најавениот собир на српски националисти предводени од Воислав Шешељ.

Шешељ најави собир во спомен на неговиот собир во ова мнозински хрватско село во 1991 година, кога, под притисок на радикалите на Шешељ, етничките Хрвати биле принудени да почнат да се исселуваат од Србија. Шешељ беше обвинет од Трибуналот во Хаг за организирање на прогон на Хрватите од Србија, но беше ослободен од обвинението.

Српската полиција денеска им дозволува само на жителите на Хртковци да влезат во селото, и врши проверки на нивните лични карти, за да спречи влез на дојденци од страна. Повеќе српски партии спротиставени на Шешељ најавија свој собир во Хртковци, со цел да ги заштитат малубројните преостанати Хрвати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...