Српската водителка првпат на ТВ по несреќата: Учев повторно да одам

Деа Ѓурѓевиќ прво се лекуваше во Воено-медицинската академија (ВМА), од која неодамна е префрлена во Клиничкиот центар на Србија.

1166

Закрепнувањето на српската водителка Деа Ѓурѓевиќ тече во најдобра можна насока – таа вчера првпат по два месеци излезе од болничката постела и денот го поминала со своите најмили, а првпат по страотната сообраќајна несреќа, храбрата Деа ѝ се обрати на јавноста.

– Среќна сум што сум тука! Конечно добро се чувствувам. Имав повеќекратни повреди, контузии на срцето и белите дробови, и двојна фрактура на карлицата, тртната коска ми беше скршена. Буквално не можев да се помрднам, учев да одам. Најтешка повреда е раката која ми беше откината. Благодарение на доктор Марко Бумбаширевиќ, јас ја имам својата рака, тој е главниот херој, навистина беше одговорен за сето тоа. И понатаму ја чуваме и закрепнуваме заедно – рекла со насмевка Деа, и со тоа открила дека имала и многу други сериозно повреди отколку што јавноста знаела.

Таа прво се лекуваше во Воено-медицинската академија (ВМА), од која неодамна е префрлена во Клиничкиот центар на Србија.

Храбрата водителка воедно испратила и моќна порака:

„Многу е важно луѓето да обрнат внимание на сообраќајот и да не гледаат на телефон по улица. Ајде ова повеќе да не се случи. Ајде да не се доведеме до вакво нешто.“

Несреќата, во која беше повредена водителката се случила само 20 минути откако требало да почне да ја снима емисијата.

Деа им се заблагодарила на сите на неизмерната поддршка.

ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...