Српската Агенција за лекови прогласи за штетни 40-тина медикаменти

509

Српската Агенција за лекови и медицински средства ги информира здравствените работници во Србија дека 40-тина медикаменти предизвикуваат штетните последици, но најави дека нема да ги повлече од пазарот.

Предупредувањето на Агенцијата се базира на резулатите од две студии спроведени во Данска со пацинети кои со години користеле лекови за хипертензија.

Студиите покажале дека кај овие пациенти постои „незначително зголемена можност“ за заболување од немеланомски карцином на кожата. Појавата на ова заболување првенствено е поврзано со употреба на хидрохлортиазиди.

Меѓу, лековите за кои се однесува предупредувањето на српската Агенција, се и Скоприл плус на „Алкалоид“ и Енап на „Крка“.

Сепак, според управникот на Интерната клиника при белградскиот Клинички центар „Бежаниска коса“, Бранислав Миловановиќ, нема место за паника и пациентите не треба на своја рака да престанат да ги земаат лековите за притисок.

– Дали некој лек треба да биде исклучен или да продолжи неговото пиење треба да процени кардиолог – вели Милановиќ за Танјуг.

Милановиќ, кој важи за лидер во неурокадиолошкиот пристап на лекување на срцето, нагласува дека лековите за хипертензија, како и сите други лекови, можат да имаат несакани последици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...