Српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 октомври во Кремљ ќе се сотане со рускиот претседател Владимир Путин, јавуваат српските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори во Москва.
Според овие информации, двајцата претседатели по разговрите нема да дадаваат изјави за медиумите, што досега, според бројните меѓусебни средби беше правило, а не се највени ниту темите на разговорите.
Вучиќ и Путин последна средба имаа во мај годинава, за време на Воената парада во Москва.
Рускиот амбасадор во Белград Алекандар Чепурин, при неодамнешната средба со Вучиќ, истакна дека оваа посета ќе се одржи во важен надворешно-политички момент за Србија и за Русија.
– Нашето заедничко дејствување е исклучително позитивно. Насочено е кон зајакнување на односите на нашите земји кои влегоа во фаза на економски напредок и национална преродба – изјави Чепурин.
Тој истакна дека состанокот меѓу Вучиќ и Путин ги потврдува добрите лични односи и взаемното почитување на двајцата претседатели.