Средбата Трамп – Ким ја затвори за туристите демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров ВИДЕО

Средбата меѓу двајцата лидери, која Трамп ја иницираше вчера преку Твитер, се случува во момент на застој во преговорите за нуклеарно разоружување на Пјонгјанг, кои пропаднаа при втората средба на двајцата претседатели во февруари во Виетнам.

239

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во демилитаризираната зона, меѓу Северна и Јужна Кореја, пред средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, потврди Белата куќа.

Средбата меѓу двајцата лидери, која Трамп ја иницираше вчера преку Твитер, се случува во момент на застој во преговорите за нуклеарно разоружување на Пјонгјанг, кои пропаднаа при втората средба на двајцата претседатели во февруари во Виетнам.

– Одиме на границата во демилитаризираната зона за да се сретнеме со претседателот Ким и со нетрпение го очекувам тоа – изјави Трамп пред новинарите во Сеул.

– Развивме многу добри односи – додаде тој.

Инаку, денешната агенда на Трамп, исто така, вклучува и средба со американските војници стационирани во Јужна Кореја и фотографирање со американските и јужнокорејските војници по посетата на демилитаризираната област. Трамп ќе го започне денот со говор за корејските бизнисмени.

Демилитаризираната зона денеска ќе биде зтаворена за туристи.

Фото: EPA/YONHAP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...