Срби од северно Косово тргнаа пеш кон Белград за да го поддржат Вучиќ на собирот на 19 април

105
ФОТО: EPA/DJORDJE SAVIC

Повеќе од 100 граѓани од српска националност од северот на Косово претпладнево тргнаа пеш во правец на преминот Јариње на границата со Србија, но набргу потоа повеќето од нив се вратија назад, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори на агенцијата КосоваПрес јавија дека околу 15 граѓани ја поминале пеш границата и се упатиле кон Белград, со цел да учествуваат на собирот што на 19 април ќе се одржи во главниот град на Србија за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Целиот настан поминал мирно и бил обезбедуван од полицијата, која информира дека не е забележан ниеден инцидент.

ФОТО: EPA/DJORDJE SAVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...