Србија ќе испрати протест до ОН за присуството на делегацијата од Косово

98

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека ќе испрати протест до ОН поради присуство на членови на приштинската делегација во зградата на ОН за време на Генералното собрание, кои тоа го злоупотребуваат.

Дачиќ во изјава за белградски медиуми вели дека делегацијата од Косово одделни билатерални состаноци одржуваат и во ходници и тврди дека добиле пропусници и оти тоа го „злоупотребуваат како во случајот со Мароко“.

Шефот на српската дипломатија вели дека делегацијата од Приштина во зградата на ОН е присутна благодарение на пропусница на која стои ознака „О“, што значи – „останати“.

– Искористуваат што на Косово е присутна мировната мисија и преку нивниот департман за мировни операции и поднесоа барање да бидат присутни во ОН – вели Дачиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...