Србија се подготвува за ново невреме

151

Градскиот штаб за вонредни ситуации во Белград утрово одржа седница поради најавеното невреме. Градските служби се во состојба на зголемена подготвеност.

Надлежните уверуваат дека нема причина за загриженост, бидејќи најавените количества на врнежи не би требало да претставуваат опасност за граѓаните и нивните имоти.

Според предупредувањето, пак, издадено од Републичкиот хидрометеоролошки завод, невремето проследено со поројни дождови ќе донесе поголемо количество на врнежи, од 20 до 30 литри дожд на метар квадратен, и за краток период.

Поради таквите најави за денеска и утре во одделни делови на Србија е прогласен и црвен метео аларм, што е највисок степен на предупредување за временски неприлики, кои според РХМЗ, можат да предизвикаат голема материјална штета и сериозно да ја загрозат безбедноста на луѓето и животните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...