Србија поднесе формално барање до ЦЕФТА против мерките на Косово

61
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва информираше дека во име на Владата поднела формално барање до Секретаријатот на ЦЕФТА за директни консултации во рамките на заедничкиот комитет во врска со зголемувањето на таксите од страна на Косово.

– Тие од утре, од примање на барањето, имаат рок од 90 календарски дена во директните консултации да го решат проблемот што Приштина го направи со директното и недвосмислено кршење на договорот – изјави Брнабиќ.

Таа најави дека доколку во следните 90 дена не се покренат заедничките консултации или не се реши проблемот, Србија во согласност со одредбите од ЦЕФТА ќе поведе постапка пред Арбитражниот суд.

Покрај до Секретаријатот на ЦЕФТА, барањето е испратено и до Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), како потписник на договорот за територијата на Косово и до генералниот секретар на ОН.

Брнабиќ истакна дека Србија нема да наседнува на провокации и нема да воведе контрамерки и ќе продолжи да соработува со партнерите во регионот, пред се со БиХ, кон која Приштина ги воведе истите мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...