Во Белград денеска е основана Партијата на слобода и правда, а за нејзин лидер е избран еден од основачите на опозицискиот Сојуз за Србија и поранешен градоначалник на српската престолнина Драган Ѓилас.
Според претседателот на новооснованата партија, во фокусот ќе ѝ биде економскиот развој и образованието, а во однос на косовското прашање ќе се залага за декларација за помирување, која би ја усвоиле двете собранија и за договор помеѓу косовската српската полиција, со цел да се спречи криминалот во Косово.