Србија на избори две седмици по нас

Парламентарните, покраинските и локалните избори ќе се одржат во законскиот рок, а ќе бидат распишани на 8 март

55
ФОТО: МИА

Парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија ќе се одржат во законскиот рок, на 26 април, а ќе бидат распишани на 8 март, пишува „Политика“.

Иако последниот датум на кој може да се распишат избори е 3 мај, раководството на Српската напредна странка (СНС) овој термин не го разгледува затоа што, речиси повеќе од извесно е, дека поголем број граѓани ќе ги спојат првомајските празниците со викендот и некои гласачи нема да бидат дома.

– Имаше две можности – изборите да бидат закажани за 19 април и седум дена подоцна, а кога ќе се погледне календарот, лесно беше да се види зошто изборите ќе се одржат на 26 април. Велигден е на 19 април и тешко беше да се верува дека на тој ден, оние кои се религиозни ќе прифатат да излезат на гласање, изјави претставник на Претседателството на СНС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...