Србија го попишува имотот на фирмите во поранешните ју-републики

За таа цел, Републичката дирекција за имот повика денеска фирми и јавни установи, кои имале недвижен имот на територијата на поранешните југословенски републики да им достават податоци и документација за тој имот за да се формира единствен регистар за нивниот недвижен имот.

154

Српските власти ќе направат попис на имот на српски фирми во поранешните ју-републики за да може да им помогне на тие фирми во решавање на тоа прашање.

За таа цел, Републичката дирекција за имот повика денеска фирми и јавни установи, кои имале недвижен имот на територијата на поранешните југословенски републики да им достават податоци и документација за тој имот за да се формира единствен регистар за нивниот недвижен имот, јави Танјуг.

Изминатите децении судови во Хрватска одбиваа тужби по барања за фирми од Србија, повикувајќи се на тоа дека се преуранети и дека е потребен билатерален договор за разработување на Анекс Г.

Проценките се дека вредноста на имотот на Србија во Хрватска е околу 1,8 милијарди евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...