Србија бара заштита за 44 светилишта и споменици на Косово

71

Главните барања на Белград во планот, кој српската страна го испрати до европските посредници во дијалогот со Приштина, се давање гаранции на Српската православна црква (СПЦ) дека има целосно право да располага со целиот свој движен и недвижен имот и на неограничен период да го задржи правниот режим за заштита на 44 објекти кои претставуваат специјални зони на српската култура и наследство, како и положбата на СПЦ да биде признаена на Косово, пишува белградскиот весник „Новости“.

Во текстот се наведува дека во специјалните заштитени зони на српско наследство спаѓаат манастирите Високи Дечани, Грачаница, Пеќката патријаршија, Банска и други храмови и цркви во Гњилане, Штрпце, Србица, Клина, Ораховац.

Тука спаѓаат и средновековниот мост Војиновиќ во Вучитрн, споменикот Газиместан, тврдината Звечан, средновековниот град Ново Брдо, село Голема Хоча и други.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ во врска со ова за „Новости“ изјави дека претседателот Александар Вучиќ им претставил на европските официјални лица сосема конкретен план кој гарантира апсолутна заштита на српската црква.

ФОТО: EPA-EFEVALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...